Општина Бутел утре ќе донира компјутери за учениците што ги немаат

Грдаоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски во текот на утрешниот ден, 15.05.2020 г. во сите основни училишта ќе донира компјутери за учениците чии родители не можат да си дозволат да им ги купат.

На овој начин треба да се надмине проблемот со следењето на он-лајн наставата, воведена со избивањето на корона епидемијата.

Утре ќе бидат поделени 45 компјутери од кои 13 се донирани исправни стари компјутери во рамките на акцијата:,,Донирај го својот стар компјутер,, 10 се нови донирани компјутери од Град Скопје, а 22 се лична донација на градоначалникот Велимир Смилевски.

Воедно ќе бидат поделени и пакети со храна за социјално загрозените семејства .

Треба да знаете
Последни објави