Целосна реконструкција на улицата „Вангел Дину“ во Влае 1

Започнаа подготвките за почеток на целосна реконструкција на улицата „Вангел Дину“ во Влае 1.  Општина Карпош наскоро ќе почне со обнова на коловозната лента, односно поставување на нов асфалт, а странично, долж улицата, ќе се изведат и нови тротоари.

Се предвидува обнова на коловозот во должина од 208 метри и широчина 5 метри, со што значително ќе се подигне нивото на безбедност во сообраќајот на оваа сервисна уличка соопштуваат од општината Карпош и додавата дека овој период, локалната самоуправа работи на повеќе инфраструктурни зафати на неколку локации.

Во тек е реконструкција на паркинг површина во Карпош 3 (позади „Базаро“), а се обновуваат и неколку улици во Бардовци.

Треба да знаете
Последни објави