Реконструирана улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари

Викендов со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација заврши втората фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари, соопштија денес од градот Скопје. Оваа сообраќајница после повеќе децении е целосно реконструирана во должина од 800 метри, од улицата „Бутелски венец“ до улицата „Нов живот“.

Минатата година улицата „Индира Ганди“ во првата фаза од реконструкцијата беше обновена во должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“.

Треба да знаете
Последни објави