Град Скопје: Нападнати двајца редари на Вардариште, еден завршил во болница

Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад.

Од нападот едниот вработен се здоби со повреди пришто истиот е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале.

Случајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонираа отпад и го извршија физичкиот напад на службените лица.

Треба да знаете
Последни објави