Честитка од Општина Кисела по повод Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Денеска кога го славиме мирот во светот, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, Општина Кисела Вода Ви ги честита овие два најважни настани за нашиот народ и за цел свет. Општината порачува сите ние заеднички да продолжиме да ги следиме вистинските вредности преку кои успешно ќе градиме свет без никакви предрасуди и дискриминација кон поединецот. Еднаквоста, толеранцијата, меѓусебното почитување и солидарноста да бидат нашето секојдневие, без разлика на пол, здравствена состојба, политичка, верска и етничка припадност.
Имено, оваа честитка без потсетување на историјата, не би била комплетна, затоа ќе нагласиме дека на 9 мај, во 1950 година францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман со цел за спречување на нова војна предложи декларација, позната како Шуманова декларација за создавање на Европска заедница за производство на јаглен и челик. После многуте војни конечно беше постигнато економско обединување на народите во Европа, беше формирана Европската унија. Европскиот совет во 1985 година, во Милано донесе одлука 9 Мај да биде Ден на Европа. Уште еден многу значаен настан за човештвото, е и победата над фашизмот во Европа. Денот на победата над најтемната идеологија во светот треба да не потсетува на сите кои учествуваа во борбата за нашата слобода, во одбраната на нападнатите народи, како и во постигнувањето на конечен мир и единство во светот.
На овој голем ден за нас, упатуваме голема благодарност до државите членки на Европската унија кои на 24 март, оваа година дадоа согласност за започнување на преговори со нашата држава. Воедно, на Европската унија и благодариме за континуираната поддршка во развојот на Северна Македонија. За досегашната помош во справувањето со вирусот Ковид-19, им благодариме и на сите пријателски држави кои покажаа солидарност со нашиот народ.
Во насока на зачувување на мирот и стабилноста, оваа година, на 27 март Северна Македонија имаше голем повод за славење, стана 30 членка на меѓународната безбедносна организација, Северноатлантската алијанса НАТО.

Нека ни е честит Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот!

Да живее слободата!
Да владее меѓучовечката љубов!

Треба да знаете
Последни објави