Search

УЕФА ќе расправа за откажување од Лигата на нации !?

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) за в понеделник закажала итен состанок на кој ќе се расправа за одржувањето на второто издание од Лигата на нации, во која учествуваат репрезентациите на сите земји членки. Преку ова новоформирано натпреаврување репрезентациите имаа алтернатива да стигнат и до завршницата од Европските првенства, ако киксирата во редовните квалифиакции. Ваквата најава стигнува од „Дејли Мирор“, кој ја објавуваа оваа информација.

УЕФА има проблеми како да ја заврши првата сезона од Лигата на нации од која останаа да се доиграат полуфиналните и финалните средби и да се дознаат последните четири учесници на завршницата од ЕП-2020 кое е поместено за идната година.

За новото издани на Лигата на нации УЕФА ја направи и ждрепката. Македонија која во првото издание беше во Д сегментот каде во групата како пропласирана избори настап во поквалитетно друштво Ц- сегмент, ќе треба да разигрува и за евентуален историски пласман на една завршница од ЕП.

Македонија според ждрепката за второто издание од Лигата на нации, во сегментот Ц –  група 2 се најде во друштво на Естонија, Грузија и Ерменија.

Треба да знаете
Последни објави