Search

Пјаниќ се согласил да се пресели во Барселона

Миралем Пјаниќ е пред преселба во редовите на Барселона, тврди реномираниот лист „Газета дело спорт“. Босанскиот репрезентативец се согласил за преселба на „Камп Ноу“, па останува Јувентус и Барселона да ја договорат за комплетирање на трансферот.

Како една од опциите на Јувентус беше размена за услугите на Артур Мело, меѓутоа Бразилецот не сака да ја напушти Барселона, па сега се појавија имињата на Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кои би биле дел од трансферот.

Вредноста на Пјаниќ на трансфер-пазарот моментално е 52 милиони евра. Пјаниќ оваа сезона одигра 32 натпревари за „старата дама“  и постигна три гола. Соп Јувентус од 2016 година наваму освои три Скудета, два Суперкупа на Италија и еден Куп.

Треба да знаете
Последни објави