Санирање на ударни дупки низ улиците во Аеродром

Службите на Општина Аеродром активно работат на санација на ударни дупки и оштетувања на повеќе улици низ општината. Моментално се работи на санирање на улици во Долно Лисиче, а ќе бидат опфатени и улиците во Горно Лисиче, па сè до потегот кон Железничката станица, односно секаде каде што има потреба од тоа.

Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, во зависност од временските услови, со цел да се подобри инфраструктурата и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави