Хенри Кавил е среќен кога не носи маица на големиот екран

Хенри Кавил, познат како „човекот од челик“, вели дека зачестените топлес сцени не го прават да се чувствува како објект затоа што работи напорно за да остане во форма, и ако публиката сака да го види неговото тело, тоа е ласкаво.

Запрашан дали неговите сцени без кошула прават да се чувствува како објект, актерот рече: „Вложив многу труд за тие сцени. По ѓаволите, ќе ја тргнам кошулата. И ако на луѓето им се допаѓа тоа, добро е за мене и ми годи, но објективизирање? Не, никако.“

Додека 36-годишниот актер е горд на својата телесна форма, тој вели дека морал да ја засили пред да започне со работа на филмот „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ (Batman v Superman: Dawn of Justice), откако се сретнал со вториот главен протагонист Бен Афлек и почнал да се чувствува непријатно покрај него.

Во интервју за списанието Healthy For Men, актерот познат како човекот од челик рече: „Како и повеќето работи во животот, вие се ставате на одредено ниво. Mислев дека сум во добра форма да влезам во тој филм. Потоа се запознав со Бен Афлек.“

“Она што веднаш ми падна во очи беше неговата духовитост. Не сум тип на човек кој би се мешал во било каква мачо-надмоќност, но признавам дека бев малку заплашен и тоа ми даде желба да работам на својата форма малку повеќе, затоа што Бен е навистина добро граден и е многу поголем отколку што очекував.“

Британскиот актер најпознат е по улогата на Супермен во филмовите „Човек од челик (2013), „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ (2016) и “Доза на правдата“ (2017) а исто така и со улогата на Гералт од Ривија во ТВ-серијата „The Witcher“ (2019).

Треба да знаете
Последни објави