АА: Организаторите на „27 април“ се во странство или по ходниците на власта, а човекот што го спаси Села е неправедно затворен

Интегрален текст од прес конференција на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците
„Ова би било чудна прес-конференција во нормални денови, но сосема нормално за пандемски услови на живот.  Денес е еден од најнеобичните денови во годината од две причини.
1. Од 11 март, кога СЗО официјално прогласи состојба на пандемија, сите сме под ист притисок и постојана паника од ризикот на СОВИД-19. Но, се чини дека нашата земја, како и некои други земји, веќе планира да ги олесни мерките. Затоа сакаме да упатиме многу важен апел до сите граѓани на нашата република во однос на оваа фаза:
Олеснувањето на мерките не значи намалување на ризикот од вирусот. Дури и со олеснување на мерките, нашата мобилизација треба да се зголеми, бидејќи веќе почнуваме сите да излеземе на “бојното” поле. Ве молиме внимателно следете го ефикасното носење на маските и ракавиците заедно со растојание од најмалку два метра. Доколку овие мерки не се спроведат, би можеле да бидеме жртви на втора појава на инфекција, далеку подраматична од сегашната состојба.
2. Сега сакам да преминам кон следната посебна карактеристика што 27 април ја има за нас. Веќе сите знаете дека овој датум е запаметен од сите како ден што скоро му го одзеде животот на г-дин. Зиадин Села, претседателот на нашата партија, кој беше единствениот претседател на која било албанска партија што учествуваше во историската битка на овој датум во 2017 година, кога беше соборен режимот што 10 години ја затвори и целосно изолира РСМ, режим составен од биномот ДУИ-ВМРО.
Секако дека не сакаме да се сеќаваме на ужасното насилство што беше извршено врз неговото тело, но денес сакаме овој датум да биде запаметен од сите како ден кога Зиадин Села беше во првите редови на битката за нашата земја да стане дел од НАТО и ЕУ.
Денес, 3 години по овој случај, за жал главните организатори на настанот од 27 април се во странство или по ходниците на власта, а човекот што го спаси г-дин Села, господинот Фета Халими, е неправедно затворен!
Се надеваме никогаш нема да дојде тој ден кога добрите работи ќе мораме да ги добиеме со наша крв! Да ја направиме нашата држава подобро место со гласање, а не со сила! Ја затвораме нашата изјава потсетувајќи ве дека е од витално значење да се следат правилата. Колку сме посериозни, толку побрзо ќе заврши оваа состојба!
Треба да знаете
Последни објави