Јужна Кореја тврди дека Ким Џонг-ун е жив и здрав

Јужна Кореја смета дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун е жив и здрав и покрај шпекулациите дека е тешко болен или мртов, соопштија официјални лица.

„Ставот на нашата влада е цврст. Ким Џонг-ун е жив и здрав. Тој престојува во областа Вонсан од 13 април. Досега не се откриени никакви сомнителни движења“, изјави Мун Чунг-ин, висок советник за надворешна политика на Јужна Кореја за Си-ен-ен.

Тврдењата од соседството на контроверзниот лидер додаваат конфузија околу севернокорејскиот моќник, кој во последниве денови е предмет на спротивставени извештаи дека починал, некои известуваат дека бил во вегетативна состојба, а  Јужна Кореја тврди дека е добар.

Тврдењето на Јужна Кореја го поткрепува и веста дека Ким Џонг-ун им се заблагодарил на градежниците кои работат во источниот крајбрежен регион Вонсан, пренесува главниот весник на земјата „Родонг Синун“. Според медиумите од Сеул, сличен извештај објавила и корејската Централна радиодифузна станица.

„Врховниот лидер Ким Џонг-ун им упати благодарност на работниците кои се посветија на изградбата на туристичката зона Вонсан-Калма“, пишува „Родонг Синмун“.

Вонсан-Калма е туристичка зона во изградба што Ким Џонг-ун внимателно ја набљудува. Тој и претходно во февруари им упати слична честитка на локалните градежници.

Во саботата, американскиот тинк-тенк „38 Норт“ објави дека сателитските снимки покажале воз, кој наводно му припаѓа на севернокорејскиот лидер и неговото семејство, паркиран во областа на елитното одморалиште на 21 и 23 април.

Шпекулациите за смртта на Ким Џонг-ун беа поттикнати од неговото отсуство од долгоочекуваната прослава на 88-годишнина од постоењето на Северна Кореја минатата недела. Новите извештаи од Јапонија тврдат дека Ким е мртов, а други извештаи тврдат дека Кина испратила лекари за да му помогнат на критично болниот азиски лидер.

Според Си-ен-ен, официјалната вест за евентуалната смрт на Ким, најверојатно би дошла од севернокорејските државни медиуми, иако објаватаа смртта на неговиот татко Ким Јонг Ил, дојде најмалку четири дена откако поранешниот диктатор почина од срцев удар.

Ким ја презеде власта по смртта на својот татко. Меѓу можните наследници е и сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, која би станала првиот женски лидер на републиката.

„Голем женски лидер би бил брз преседан и шокантна новина, но нема да биде ерес. Потребата да се задржи моќта во семејствот е најважно од сè, вклучително и какви било традиции на шовинизам и мизогинија во Северна Кореја “, изјави за Си-ен-ен севернокорејскиот експерт од универзитет „Тафт“, Сунг-Јун Ли.

Треба да знаете
Последни објави