Чулев молчи и не одговара, дали командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар?

По објавената снимка на социјалните мрежи на која јавноста имаше прилика да го види Христијан Мицкоски во затворен фитнес центар се отворија повеќе прашања на кои јавноста очекува одговори.
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се уште и должи на јавноста одговор, дали во придружба на Мицкоски е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен токму од него ?
И ако е тој , во кое својство е во придружба на Мицкоски во фитнес центар?
Освен несериозното  и неодговорно однесување на Мицкоски кое и не е нешто ново, уште понесериозно и неодговорно е во време на најголемата здравствена криза кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните, кадрите на Чулев да бидат  во служба на Мицкоски.
Граѓаните очекуваат одговори од техничкиот министер Наќе Чулев.
Треба да знаете
Последни објави