Хронично болна со симптоми на Ковид 19 и со позитивни родители нема кој да ја однесе на тестирање

Жена од Демир Капија, чии родители се позитивни на Ковид-19 се жали дека не може да се тестира, иакоиима симптоми на вирусот и е хронично болна, објави „Фокус“.

-Ве молам помогнете ми, Министерство за здравство, епидемиолози, било кој… Имам 37 години, хронично сум болна, дијабет, асма, висок притисок, а ги имам и сите симптоми на Ковид 19. Моите родители се позитивни на вирусот и се сместени на лекување во болницата во Велес, а мене нема кој да ме однесе да ми се земе брис – вака низ плач, во телефонски разговор за ,,Фокус,, појаснува К.Д. од Демир Капија, која веќе неколку дена безуспешно барала превоз до Центар за јавно здравје, каде би можела да биде тестирана.

Нејзините родители се првите случаи на корона вирус во Демир Капија и беа регистрирани пред четири дена. Жената појаснува дека и покрај тоа што имала низа на сиптоми и воопшто не се чувствува добро, и било кажано да остане во домашна самоизолација и дека ќе биде тестирана денес. Но, немала сопствен превоз, а никој не сакал да и понуди помош, плашејќи се од потенцијална зараза.

Целиот текст на „Фокус“.

Треба да знаете
Последни објави