Убиени над 500 цивили во првите три месеци од годинава

Повеќе од 500 цивили биле убиени во Авганистан во првите три месеци од годината, откако насилството продолжи по договорот меѓу САД и талибанските бунтовници за повлекување на странските сили од земјата, соопштија денеска ОН.

Во првите три месеци од годината во судири загинале 1.293 цивили, а меѓу нив има и 152 деца и 60 жени, се наведува во извештај на мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА).

Насилството ескалираше по 29 февруари, кога беше потпишан договор меѓу САД и талибанските бунтовници за повлекување на американските сили во замена за гаранција за безбедност. Договорот вклучуваше обврска на талибанците и авганистанската Влада да направат напори за постигнување мир.

– Во извештајот се забележува вознемирувачко зголемување на насилството во текот на март, во период кога постоеја големи надежи дека авганистанската Влада и талибанците ќе започнат мировни преговори, но исто така ќе се најде начин и за намалување на конфликтите и заштита на Авганистанците од Ковид-19, соопшти УНАМА.

И покрај ова, бројот на жртви во првите три месеци од оваа година беше најмал од 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави