Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија: Одговорни за носење заштита на лицето треба да бидат органите на редот, а не бизнисите

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги има ориентирано нејзините цели кон одржување на едно високо ниво на соработка со државните институции и високо го цени воспоставениот партнеритет со тие институции.

СКСЗМ ја поздравува работата на Владата на Република Северна Македонија и на сите други институции ангажирани во борбата против пандемијата на коронавирусот, сметаме дека донесувањето на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба, иако во принцип ја има како цел заштитата на јавното здравје, таа е неприфатлива за деловната заедница од неколку причини:

Обврската според член 3 од уредбата со законска сила за компаниите да се грижат за однесувањето на граѓаните во однос на носење заштитни маски, е дополнителен товар што ниту еден бизнис не може да го носи, а во тој случај се загрозени сите бизниси, особено тие микро и мали, кои се уште повеќе загрозени во овој период на пандемија. Одговорни за однесувањето и дисциплината на луѓето треба да бидат органите за одржување на редот, а не бизнисите, односно нивните сопственици или директори.

Горенаведената уредба со законска сила предвидува глоба во износ од 2.000 евра за правните субјекти и глоба на износ од 500 евра за одговорното лице на деловниот простоp, во случај ако истите постапат спротивно на одредбите од членот 3, со тоа што му дозволуваат на потрошувачот без заштитна опрема влез во нивните деловни простории. Ова е двоен проблем затоа што ја враќа претходната практика на казнување на компаниите, што оваа Влада презеде одговорнот за да престане и да не ги повторува тие практики. Притоа, единствените сектори кои се ликвидни во овој период на глобалната криза се повеќе изложени на можни казни од страна на разни службеници, кои дури можат потенцијално да ја злоупотребат службената позиција.

Исто така, повикуваме на усогласеност со член 4 од уредбата со законска сила, обврската за надгледување на спроведувањето на одредбите од овој акт да спаѓа во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а не на товар на компаниите, со цел да се минимизира можноста за казнување на компании што се единствениот извор на приходи на државата во овој период на криза.

 

СКСЗМ секогаш ќе ги поддржува иницијативите за зголемување на нивото на безбедност и зголемување на нивото на колективната социјална одговорност, но мора да се внимава да не се стори тоа на штета или на товар на економските субјекти, а најмалку во овој период кога малку економски сектори се рентабилни и ликвидни.

 

Апелираме до релевантните институции пред да се донесе каква било одлука, однапред да се консултираат претставниците на бизнисот, односно стопанските комори, со цел да се обезбеди разумност на тие одлуки и практично спроведување на истите, како и да се избегнат евентуалните колатерални штети што може доаѓаат како резултат на нивното донесување.

Треба да знаете
Последни објави