Коронавирусот го одложи сослушувањето на Асанж за ноември

Сослушувањето на основачот на „Викиликс“, на кое треба да се одлучи дали тој ќе биде екстрадиран во Соединетите Држави, е одложено поради пандемијата на вирусот „Ковид-19“, а следното ќе биде одржано најрано во ноември.

Асанж е обвинет во САД за голем број престапи, вклучително и шпионажа.

Одложување на постапката побара одбраната на Асанж, која тврди дека постапката е медицински опасна, пренесува „Раша тудеј“.

Треба да знаете
Последни објави