(Видео) Протести ширум Европа против воведените мерки, апсења во Германија

Гневот поради наметнатите мерки се шири низ целиот светот, па протестите избувнаа и во Европа. Луѓето се загрижени поради мерките што ја загрозуваат економијата, а кои се донесени за да се „исправи кривата“.

Во Европа протестите станаа уште понасилни. Немири избувнаа во Италија пред неколку месеци, особено во економски загрозениот југ, поради застојот поврзан со коронавирус, но тие сега се раширија во Германија и Франција, каде се уште се на сила мерките за заклучување.

Германската полиција во опрема за разбивање на демонстрантите и со заштитните маски се судри со демонстрантите, кои повторно протестираа во центарот на Берлин против рестриктивните мерки за епидемијата на коронавирусот, а повеќе од 100 лица беа уапсени.

Германската полиција објави на Твитер дека уапсила повеќе од 100 лица. Локалните медиуми објавија дека околу илјадници луѓе се собрале на плоштадот Роза Луксембург.

Некои демонстранти се обидуваа да држат дистанца седејќи на трева и на улица и носејќи маски, но некои се групираа, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите споделија весник со текст под насловот „Демократски отпор“, во кој се вели дека новиот коронавирус е обид за зачува власта со ширење страв кај граѓаните.

Исто така се наведува дека 127 лекари ширум светот ја доведуваат во прашање потребата од строги ограничувања.

Париз е четири дена среде насилни немири откако полицијата се обиде да запре и да казни мотоциклист кој ги прекрши правилата за заклучување.

Непријателствата кулминираа минатата недела во северните предградија на Париз, по обвинувањата за полициска бруталност и расизам за време на пандемијата.

Стотици луѓе кои живеат во Полска и кои работат во Германија протестираат во градот Згорзелец во југозападна Полска против задолжителниот карантин воведен поради епидемијата на коронавирусот, објави Ројтерс.

Околу 300 луѓе се собраа на полската страна на границата и околу 100 метри во Германија, извикувајќи: „Да работиме“.

Треба да знаете
Последни објави