Лифтот во ГТЦ се гради на најидиотско место, Општина Центар не требало да даде согласност

Општина Центар не требало да даде согласност за изградба на лифтот кој почна да се гради на влезот на ГТЦ, бидејќи објектот е достапен за лица со посебни потреби и без овој лифт, изјави за „СДК.мк“, претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Мартин Пановски.

-Дали имаат добиено решение за поставување на лифт не знам. За поставување лифт за олеснување на пристап на лица со посебни потреби не е потребна градежна дозвола, но е потребно да се поднесе проект и да се добие согласност од Општината. Доколку постои такво решение, референтите во Општина Центар не требало го издадат бидејќи ГТЦ веќе е пристапен за лица со посебни потреби. Објектот и да не е пристапен, а è, референтите требало да оценат дека лифтот е поставен на најидиотското можно место и да го вратат проектот за да се најде ново решение. Но, изгледа некому му треба лифт точно тука и очигледно не ја согледуваме крајната идеја. Сепак станува збор за тераси, јавен простор во епицентар на главен град на држава, кој најверојатно некој сака да го зграби. Друго логично објаснување би било дека станува збор за некадарни игноранти, вели Пановски.

Од Општина Центар велат дека општината не е задолжена да издава градежна дозвола бидејќи станува збор за пристап за инвалиди, а според законот, секој објект треба да има обезбеден пристат за лица со инвалидитет и во вакви случаи само се доставува решението до Општината, која потоа само контролира дали се градело според параметрите.

За изградбата на панорамскиот лифт реагираа и од здружението „Го сакам ГТЦ“, кои исто така сметаат дека без никаква предходна најава и образложение започна да се гради.

Треба да знаете
Последни објави