Тухел: Секогаш можете да се потпрете на Нејмар на големи натпревари

Тренерот на фрнцускиот фудбалски првак ПСЖ, Томас Тухел, се осврна на играта напаѓачот Нејмар во последните натпревари пред сезоната да биде прекината поради коронавирус.

– Нејмар секогаш одговара на задачителидер, о водство, и во напад и во одбрана. Морам да кажам дека секогаш можете да се потпрете на него на големи натпревари. Тој работи напорно, секогаш во близина, тој е многу паметен и знае како да делува. Можеше да видите какви додавања имаше тој на првиот натпревар со Борусија. За жал, пред тоа беше повреден и не играше до првиот меч, рече Тухел.

За Нејмар се појавија информации дека по крајот на сезоната може да го напушти Париз и да се врати во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави