Москва: Киев ги поткопува можностите за подобрувања во Донбас

Уште една сесија на Контакт-групата за договор во Донбас, што се одржа во формат на видеоконференцијата во средата, не донесе резултат, изјави по средбата претставникот на Русија во разговорите, Борис Гризлов, пренесува ТАСС.

„Киев и Донбас одржаа размена минатата недела, меѓусебно ослободувајќи ги притворените лица при што 14 лица успеаја да се вратат во Доњецк и Луганск, а 20 на територијата под контрола на Киев. Размената можеше да се случи многу порано. Ако се научат неопходни лекции, може да се постигнат понатамошни договори меѓу Киев и Донбас и побрзо да се спроведат. Сепак, тоа не се случи денес, поради неструктивниот став на Киев“, рече тој.

Според рускиот претставник, ситуацијата е особено тешка во политичките и безбедносните подгрупи на Контакт-групата.

„Дури и на денот на размената беше регистрирано ново бомбардирање од страна на вооружените сили на Украина. Претходно имаше затишје по должината на линијата на контакт што ги раздвојува териториите под контрола на Киев и на Донбас, а сега кршењата на прекинот на огнот се регистрираат на дневна основа. Всушност, Киев ја поткопува реалната можност за подобрување на ситуацијата во регионот“, продолжи тој.

Според Гризлов, Киев на состанокот не доставил до Контакт-групата нацрт политички документи, кои требало да ги подготви и претстави. Киев дури одбивал да достави список со прашања за решавање на политичкиот конфликт и за неговите ставови во врска со нивното одобрување. Ова изгледа чудно поради постојаните јавни изјави на Киев за неговата заложба за мировниот процес.

„Поради ставот на делегацијата на Киев, нема решение за безбедносните прашања, новите области за деангажман на персоналот и опремата остануваат неодредени. Од истите причини, мерките за враќање на социјалните и економските врски меѓу Киев и Донбас допрва треба да бидат договорени”, рече Гризлов.

Во средата украинскиот претседател Владимир Зеленски изрази уверување дека конфликтот во Донбас ќе биде решен пред истекот на неговиот претседателски мандат. Во исто време, тој рече дека е подготвен да го напушти форматот на разговорите што се водат во рамките на Контакт- групата за украинско помирување, бидејќи тие не го даваат очекуваниот резултат.

Треба да знаете
Последни објави