Во Градски парк се поставува нов памптрак

Во Градскиот парк се поставува нов памптрак. Градските власти велат дека овој памптрак е донација од Стопанска банка и во наредните две недели ќе се доврши со последната фаза на бетонирање и поставување уште урбана опрема.

Освен тоа, предвиден е и паркинг кој ќе го асфалтира јавното претпријатие „Улици и патишта“, додека јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ хортикултурно го уредуваат и зазеленуваат околниот простор.

Треба да знаете
Последни објави