Во врска со настанот од 19-ти овој месец во Гевгелија, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица.
Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија.
Во врска со настанот кој што се случи на 13.04. годинава во населбата Ченто, а во кој поголема група на граѓани ја прекршија мерката за ограничување на движењето, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во изминатиот период беа преземени активности насочени кон целосно расчистување на настанот и идентификување на учесниците во истиот.
Во таа насока до овој момент, освен трите лица кои првично беа приведени и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица. Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација. По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство.
Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО.