Информацијата која министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја објави на Фејсбук, дека намалувањето на полицискиот час е на негово барање, не е точна, велата извори од главниот кризен штаб. Оттаму додаваат дека таквата одлука доаѓа после опфатна анализа и барање на Комисијата за заразни болести, а барањето утрово било презентирано на штабот од страна на министерот за здравство Венко Филипче.
Дека за ова олеснување имаше подготовка уште во текот на велигденските празници говори и фактот што Владата во повеќе наврати најавуваше олеснување. Дополнително, се дознава дека непосредно пред велигденските празници, Чулев пред кризниот штаб се залагал за заострување на мерките, жалејќи се дека полицијата не можела да се справи со ситуацијата.