Апликацијата СтопКорона со неколку илјади симнувања

Апликацијата СтопКорона има неколку илјади симнувања. Покрај нејзината улога да помогне побрзо во пронаоѓање заболени од Ковид-19, како што најавува министерот за здравство Венко Филипче во натамошниот период ќе има исклучително значење во давањето на вистинската слика заедно со правењето на проценката на имунитетот на населението. Министерот во одговор на прашање рече дека ова е нешто што активно сега се разговара со членови на Комисијата за заразни болести и епидемиолози од Институтот за епидемиологија.

-Ја немам точната бројка, има неколку илјади симнувања. Меѓутоа, сакам да потенцирам дека ние сега разговараме и сега е период во кој разговараме за следните чекори во стратегијата заради тоа што и после овој период во кој ќе помине пикот, ќе дојде еден период во кој ние треба да бидеме спремни да и понатаму има одреден број на пациенти. Вирусот нема да исчезне. Нема да престанат луѓето да заболуваат од оваа работа и дека со овие мерки што сега се носат дека тој  тренд на опаѓање ќе продолжи и секогаш ќе имаме еден на број на пациенти што здравствениот систем може да ги амортизира. Меѓутоа, ќе дојде еден период во кој ќе треба да се направи и пресек, проценка да видиме ние како да ги димензионираме и другите мерки што би дошле на пример на сила и би ги препорачале на лето, крај на лето, почеток на есен. И тогаш оваа апликација заедно со во тој момент потребата за проценка на имунитетот на населението ќе биде од исклучително големо значење заради тоа што ќе укаже на конактите коишможеби човек не бил свесен дека ги има во даден момент, изјави министерот одговорајќи на новинарско прашње.

Тој појасни дека  сега се подготвува и систем за тоа да се види како да се промовира апликацијата, еден од моделите е тоа да биде преку матичните лекари преку кои би се спровела и таа анализа – серопреваленца да се испитаат антителата на одредени групи на население.

-Тоа испитување на имунитетот во комбинација со апликацијата сметаме дека ќе ни даде апсолутно најточни податоци за состојбата на имунитетот во даден момент, не сега – повторувам, заради тоа што сега сметаме дека не е време – нема да бидат валидни податоците – во смисла нема да бидат корисни, нема да има за што да ги искористиме бидејќи се уште е активна болеста и се уште нов број на пациенти се дијагностицираат. Така што, таа комбинација на пристап на апликацијата заедно со тестирањето за имунитетот сметаме дека во даден момент ќе ни ја даде вистинската слика за епидемијата, на имунолошкиот статус апропо овој вирус на нашето население и после врз основа на тоа ќе може да ги димензионираме – да ја правиме стратегијата за следниот период до крајот на годината бидејќи очигледно до изнаоѓање на вакцината секоја земја, не само нашата, ќе треба да ги има предвид сите мерки што ќе треба да се во еден момент порестриктивни, па да се затегнат на друго место, па да важат за различни возрасни групи, па да бидат во комбинација со овие мерки што важат за сите како заштитната опрема итн, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави