Финансиска помош за оштетени покриви во Карпош

По барање на станарите за санација на оштетените покриви, локалната самоуправа со еднократна финанансиска помош од 200.000 и 250.000 денари ќе им помогне на станарите од булеварот Партизански одреди бр. 127, влезови 1, 2, 3 и 4.

На станарите од булеварот Партизански одреди бр. 109 ќе им биде исплатена финансиска помош од 30.000 денари, а на улицата Разловечко востание бр. 18 и бр. 4, влез 7, ќе им бидат исплатени 25.000, односно 11.000 денари.

Ова беше усвоено на денешната седница со одлука на советниците на Карпош, а во врска со неодамнешното големо невреме што го зафати Карпош.

На жителите на улицата Шекспирова бр.1, влез 3, ќе им бидат исплатени 150.000 денари, а на граѓаните од улицата Струма бр. 1 ќе им бидат доделени 12.000 денари. На карпошани од улицата Вич бр. 22 ќе им се исплатат 25.000 денари.

Членовите на Советот на Општина Карпош на седницата ја изгласаа и одлуката за давање согласност за привремено отстапување на користење движни ствари – патнички моторни возила на Општина Карпош на Полициската станица од општа надлежност Карпош. Станува збор за две возила – „опел мерива“ и „спарк шевролет“. Возилата ќе бидат отстапени за потребите на Полициската станица на територијата на локалната самоуправа во време на вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави