Скопјани се воздржале од палење оган на отворено во текот на изминатава недела

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 09.04 до 15.04.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, не добила ниту една пријава од граѓаните. Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.

Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.

Треба да знаете
Последни објави