Градоначалникот Велимир Смилевски подели храна на полицијата и социјално ранливите категории во Општина Бутел

Изминатиов период безбедносните служби на СРМ се секојдневно ангажирани за безбедноста, чување на редот и спроведување на мерките за движење предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот. Од таа причина, денеска  градоначалникот  на Општина Бутел, Велимир Смилевски подели  50 оброци  за вработените во полициската станица Бутел. Дополнително беа поделени уште 50 оброци за наши граѓани кои се од социјално ранливите категории.
Апелираме до нашите граѓани, да ги почитуваме мерките и препораките на Владата, Министерството за Здравство и Кризниот Штаб за заштита и спасување за престојните празници, затоа што само така можеме да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.
Треба да знаете
Последни објави