Јужна Кореја е првата земја во светот што одржува избори во ек на пандемијата

Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори, со строги ограничувања воведени низ целата земја заради пандемијата на коронавирусот.

Од 6 часот по полноќ по локално време, отворени се околу 14.000 избирачки места, а на граѓаните кои доаѓаат да го остварат своето гласачко право им се мери нивната температура, одделени се едни од други и сите се заштитени со маски и раквици.

Парламентарните избори треба да обезбедат поддршка за политиката на претседателот Мун Џе-ин во последните две години од неговиот мандат да ја спроведе неговата агенда за намалување на фискалните обврски и невработеноста, зголемување на минималните плати и подобрување на односите со Северна Кореја.

Додека изборите се одложени низ целиот свет поради пандемијата, Јужна Кореја е првата земја во која се одвива гласање. Иако епидемијата во Јужна Кореја се намалува, експертите предупредуваат дека може повторно да избувне.

Треба да знаете
Последни објави