„Сега е време за единство“ – Гутереш го повика Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО.

„Сега е време за единство, за соработка во меѓународната заедница, време е за солидарна заедничка работа и борба против коронавирусот и последиците од пандемијата“, порача Гутереш.

Трамп претходно нареди да се прекине американското учество во финансирањето на СЗО, бидејќи е незадоволен од управувањето на оваа организација во текот на пандемијата. Според американскиот претседател, СЗО не успеала да ја исполни својата основна должност и мора да понесе одговорност.

Лани САД во СЗО дoнирале повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од буџетот на Светската здравствена организација.

Треба да знаете
Последни објави