Министерот за здравство на Бразил мисли дека Болсонаро ќе го разреши

Бразилскиот министер за здравство Енрике Мандета му соопштил на својот тим дека претседателот Жаир Болсонаро најверојатно ќе го разреши поради неговите ставови и изјави во врска со пандемијата на новиот коронавирус.

Тоа го пренеле две лица од кабинетот на министерот, кои се запознаени со ситуацијата, пренесуваат американските медиуми.

Мандета, наводно, синоќа им кажал на своите соработници дека планира да остане на работа сè додека Болсонаро не одлучи да го разреши.

Треба да знаете
Последни објави