И Барселона одигра за животната-победа на Рушти

Легендарниот фудбалски голман на турската репрезентација Реџбер Рушту ја доби животната битка со коронавирусот. Рушти имаше сериозни здравствени проблеми, но на крајот излезе како победник. Своја улога во оваа битка за живот одигра и шпанскиот првак Барселона, каде турскиот голман совевремено го бранеше голот една сезона.

-Барса ми даде голема поддршка во текот на лекувањето. Ми пренесоа добри желби од претседателот и клубот. Во такви времиња не смеат да се заборават ситните детали. Нема да заборавам што Барселона направи за мене кога умирав од коронавирусот. Ми даде живот. Сакам сите да знаат дека секогаш сум и на располагање на Барселона. Сакам на сите да им се заблагодарам, а особено на господинот Бартомеу, изјави Рушту.

За победата во најголемата животна битка турскиот голман вели:

– Лекувањето прптив овој вирус кое го спроведе нашето Министерство за здравје даде резултат. Лекарите применуваа метода во текот на 10. дена и вложија многу труд. Поддршката од моите најмили во овој процес беше фантастична. Сето тоа се спои и знаевме како да победиме во оваа битка. Многу сум среќен.

 

Треба да знаете
Последни објави