Трамп тврди дека стигнуваат тестовите за имунитет на коронавирус, а научниците негираат

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп најави на почетокот на месецот, дека наскоро доаѓаат тестови за имунитет на коронавирус, кои би можеле значително да го олеснат животот на оние кои го прележале вирусот.

„Тоа ќе биде многу важно во попуштање на мерките и враќање на луѓето на работните места. Тестовите на антитела ќе ни покажат дали лицето е имуно на болеста и ако е, ќе може да се врати на нормалните активности“ рекол главниот медицински советник на Трамп, Антони Фочи.

Трамп на 5 април изјави дека е остварен фантастичен напредок во изработката на тестови за имунитет на коронавирусот, а поранешниот потпретседател Мајк Пенс пет дена подоцна рече дека во прашање се денови кога тестовите ќе бидат достапни.
Но, како што пишува Си-ен-ен, членот на американската научна академија, Дејвид Релман, рекол дека истражувањето не оди најдобро и дека постојат неколку проблеми со тестирањето на имунитетот.

Академиците ја обвинуваат агенцијата за храна и лекови зошто ги попуштила мерките и овозможила пазарот да го преплават бројни тестови, кои се многу неквалитетни и неточни. Поголем дел од тестовите се изработени во Кина според многу ниски стандарди, тврди директорот на американската лабораторија за јавно здравство, Скот Бекер.

Треба да знаете
Последни објави