Независниот синдикат за образование бара да бидат исплатени платите за март

Независниот синдикат за образование и наука соопшти дека на вработените во образование сè уште не им е исплатена плата за март.

„Целата јавност е запознаена дека училиштата во кои сме вработени се затворени, со цел заштита на здравјето и безбедноста. Иако училиштата не работат, ние и нашите ученици работиме. Работиме од дома, со свои ресурси за работа, во крајно невообичаени и отежнати околности, се снајдуваме како најдобро умееме и знаеме, а сè со цел да овозможиме нашите ученици да го поминат предвидениот наставен материјал и успешно да ја завршат учебната година“, велат од НСОН.

Меѓутоа, додаваат од таму, и покрај вонредните напори кои ги вложуваме, и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 10 идниот месец, иако во очи на големи верски празници на вработените во образование сè уште не им е исплатена плата за март.

„Независниот синдикат за образование и наука бара платите на вработените во основно и средно образование да бидат итно исплатени, а наставниците да бидат поштедени од натамошни стресови и понижувања во овој, и без тоа чувствителен период“, велат од Синдикатот.

Треба да знаете
Последни објави