Момче додека фрлало ѓубре изрешетано од возило во движење

Момче на возраст од 24 години додека утрово околу 8 часот излегувало да фрлали ѓубре пред својот дом на Баново Брдо во Белград е изрешетано од возило во движење со неколку куршуми, по што со тешки повреди е префрлено во болница. Според српските медиуми Немања П. е погоден во стомакот, колкот и бутниот мускул и се наоѓа на реанимација во Ургентниот центар.

Неговиот живот е загрозен,. Припадниците на МВР трагаат по напаѓачот и ја испитуваат причината поради што дошло до вооружениот напад.

Треба да знаете
Последни објави