Црвен крст организира голема хуманитарна акција

Црвениот крст на Република Северна Македонија заради состојбата со вирусот „Ковид-19″, со цел да обезбеди помош за граѓаните на кои таа им е најпотребна, организира хуманитарна акција: „Заедно каде е потребно”.

Од Црвениот крст ги повикуваат сите хумани граѓани и правни субјекти, кои се во можност до 10 мај оваа година, да донираат парични средства, прехранбени производи, средства за хигиена и дезинфекција.

Донаторите од општина Кисела Вода помошта потребно е да ја достават во општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода. Донации може да се оставаат и во другите општини/градови ширум државата, во просториите на Црвениот крст. Додека финансиски средства може да се донираат на:

-Сметка на фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ – 300000001327966        ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Покрај ова, средства во износ од 100 денари може да се донираат и со бирање на телефонскиот број : 070/075/077 143 400.

Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои се во можност да се вклучат во хуманитарните активности на Црвениот крст.

Треба да знаете
Последни објави