Рекорден пад на прометот во малопродажниот сектор на САД

Прометот во малопродажбата во САД забележа рекорден пад  минатиот месец, бидејќи обврската за затворање на фирмите поради контрола на ширењето на Ковид-19 ја намали побарувачката за артикли за широка потрошувачка.

Министерството за трговија на САД денеска соопшти дека прометот во трговијата на мало се намалил за 8,7 проценти, што е најголем пад од 1992 година, кога е воведен таков показател во евиденцијата.

Пометот во малопродажбата во фебруари беше намален за 0,4 отсто.

Потрошувачката на населението изнесува повеќе од две-третини од американската економска активност.

Економистите очекуваат помал пад на потрошувачката во вториот квартл пред се поради фискалниот пакет за поддршка на економијата и граѓаните во висина од 2,3 билиони долари.

Треба да знаете
Последни објави