Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

На седницата Советот се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за спраување со пандемијата на Ковид-19, откако вчера Владата на 41-та седница реши да достави Заклучок до претседателот дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со кризата.

На седницата, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат Бујар Османи и Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата на Претседателот и на неговиот Јутјуб канал.

Треба да знаете
Последни објави