Нафтениот пазар влегува во дефицит, ни договор во ОПЕК не помага

Колапсот во побарувачката на нафта поради пандемијата со Ковид-19 во вториот квартал од годинава ќе доведе до тоа залихите да скокнат до 17,4 милони барели дневно, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.

Како што се наведува, благ прекин во падот на побарувачката може да се очекува дури во мај, а нешто поголем во јуни годинава.

Се преизира дека во април побарувачката ќе биде помала за 29 милиони барели дневно, но дека во мај падот ќе биде нешто помал- 26 милиони барели, а во јуни 15 милиони барели.

ИЕА наведува дека договорот на ОПЕК+ за намалување на производството на нафта не може да ја компензира побарувачката во светот, но сепак би можел да придонесе за намалување на залихите од овој енергенс во втората половина од 2020 година.

Истовремено се истакнува дека напорите на ОПЕК+ не можат во истиот миг да го стабилизираат пазарот на нафта, но не придонесе за ублажување на ситуацијата со прекумерното производство иако се уште е невозмжно да се согледаат сите последици од оваа криза.

Глобалната побарувачка за нафта е на најниско ниво од 1995 година. ИЕА наведува дека побарувачка за нафта во април годинава паднала на вкупни 70,4 милиони барели дневно. Ако вака продолжи, падот во побарувачката во цела 2020 година ќе биде најголем во историјата и побарувачката во просек ќе изнеува 90,6 милиони барели дневно.

По објавувањето на извештајот на ИЕА за рекордно ниската побарувачкам цената на нафтата од марката „Брент“ падна за пет отсто. Моменталната вредност а црното злато изнесува 28,02 долари за барел.

Треба да знаете
Последни објави