Метју Палмер: И американските компании помогаат во борбата со коронавирусот во Северна Македонија

Покрај финансиската помош од САД, која верувам дека досега изнесува околу 1,2 милиони долари, и американски компании нудат помош на Северна Македонија во справување со Ковид-19, изјави специјалениот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер за Гласот на Америка.

– „Кока Кола”, „Мајкрософт” и многу други американски компании кои имаат бизнис на Балканот, излегуваат со нивен придонес, истакна Палмер.

Тој, исто така, додаде дека Американската трговска комора работи да го координира одговорот и да обезбеди различни извори на асистенција.

– Убеден сум дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска помош и асистенција за нашите пријатели, партнери и сојузници, со цел заедно да го поминеме ова и да излеземе посилни, изјави Палмер.

Треба да знаете
Последни објави