Лекар и реална ѕвезда со убави гестови ги расположува своите пациенти

Поранешната sвезда на емисијата „Лав Исланд“, доктор Алекс Џорџ (29), сфаќа колку е тешка оваа ситуација за сите додека трае пандемијата на коронавирусот. Тој се обидува со убави гестови да ги насмее и расположи своите пациенти со цел што побргу да го поминат ова трауматско искуство. Поради тоа, тој секој ден на својата медицинска опрема ја лепи својата фотографија во костим за капење, која претходно ја има отпечатено во црно-бела боја.

„Толку многу пациенти се исплашени, особено кога ќе нè видат во медицинска опрема. Мислев дека можам да ги насмеам на тој начин, барем на една секунда“, им рече Алекс на странските медиуми.

Тој ја објави фотографијата на својот профил на „Инстаграм“, а неговите следбеници го пофалија и му напишаа дека тој навистина е вистински херој. Алекс неодамна се пожали дека најтешкиот дел од неговата работа е да ги утеши семејствата на пациентите со коронавирус.

Минатата недела тој рече дека е емоционално исцрпен и призна дека имал неколку смртни случаи поврзани со коронавирусот во лондонската болница каде што работи. Тоа го погодило.

„Работиме цел ден и ноќ за да најдеме идеална вакцина која ќе придонесе за имунитетот“, рече лекарот кому најмногу му недостига дружењето со неговата девојка Амелија.

Тој смета дека би било идеално кога луѓето би можеле да попримат поблага форма на вирусот, па да станат имуни на него ако повторно се појави.

Треба да знаете
Последни објави