Search

Руската амбасада во САД: Апсурдни се обвинувањата од Пентагон против „Спутник“

Обвиненијата на Пентагон на сметка на руските новински агенции „Спутник“ и РТ за дезинформации поврзани со Ковид-19 се апсурдни, соопшти Руската амбасада во Вашингтон, реагирајќи на брифингот за руските дезинформации одржан во Вашингтон.

Вакви слични брифинзи се одржуваат и во американскиот Стејт Департмент.

„Го повикуване американското Министерство за одбрана да ги насочи своите напори пред се на борбата против пандемијата со Ковид-19. Какви било обвиненија на сметка на руските новински агенции „Спутник“ и РТ се апсурдни,“ се вели во соопштението од амбасадата.

Од амбасадата истакнаа дека ако американските војници не си ги мијат рацете, тоа воопшто не е вина на руските медиуми.

Во февруари, од прес-службата на Меѓународната информативна агенција „Русија севодња“ беше соопштено дека добиле барање од „Њузвик“ да ги прокоментираат неговите сознанија дека американската војска ги следи профилите на „Спутник“ на социјалните мрежи поради наводно ширење дезинформации за емидемијата со Ковид-19.

„Новинарите ја вршат својата работа- ја информираат јавноста за тоа што се случува. Но нападите од Пентагон може да се сметаат за фактор кој влијае на безбедноста на руските новинари во САД. Организацијата за заштита на правата би можрла да посвети внимание на ова,“ се вели во соопштението од амбасадата.

Руските дипломати потсетуваат дека Русија и САД редовно разменуваат информации за пандемијата на највисоко ниво.

„Никој не е заинтересирн за ескалација на и така тешката ситуација. Во овие услови, во водечките американски медиуми продолжува неконтролираната русофобија, која црпи неточни податоци од ваквите брифинзи на Пентагон и на Стејт Департментот. Ваквата неодговорност е за жалење,“ велат тие.

Руските дипломати потсетуваат дека Русија им помага на другите земји и дека тоа не е повод за клевета.

„Време е да сфатат дека само со здружени напори можеме да ја победиме заедничката несреќа. А дури потоа моѓат да снимаат блокбастери за нечие лидерство во оваа борба,“ велат тие.

Треба да знаете
Последни објави