Хари Костов: Во ниту една земја која презема мерки за олеснување на отплатата на кредитите нема банка која нема да пресметува камата

Ако се сочува стабилноста на банките, тие, заедно со државата, ќе ја консолидираат здравствено-економската криза. Идеите да се конфискува, одземе дел од имотот на банките, односно на граѓаните, компаниите и акционерите, можат да нанесат големи штети со самото нивно популистичко пласирање во јавноста, објаснува Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка во ексклузиво интервју за Фактор.

Костов: Во ниту една земја која презема мерки за олеснување на отплатата на кредитите на населението, ама буквално во ниту една, не постои одредба според која банките нема да пресметуваат камата за овој период за кој се одложува плаќањето. Има држави кои им субвенционираат дел од каматите на населението, или им даваат гаранции на банките за дел од отплатите на населенито. Но тоа се покрива од државниот буџет, а не се бара од банките да не пресметуваат или да ги отпишат каматите. Тоа е затоа што и во оваа коронакриза, колку и да не сакаме да признаеме, покрај државата, сепак банките ќе бидат тие кои ќе му помогнат на населението, уште повеќе на стопанството, па на крај и на државата со предверемено плаќање на обврските, но и со нови кредити во наредниот период кога потешко ќе се доаѓа до нови задолжувања и кредити.

Банките мора да ја задржат својата сигурност и стабилност, зошто после кризата државата ќе се повлече од директната помош на населението и стопанството, и повторно банките ќе бидат тие кои ќе треба да обезбедат нова кредитна подршка на овие сектори. Токму затоа, на пример, во Србија уредбата со која се регулира ова прашање за одлагање на обврските на граѓаните за три месеци, се вика Одлука за привремените мерки за зачувување на стабилноста на финансискиот систем. Значи, не е поентата да не се пресметуваат или да се отпишуваат камати и кредити од населението и со тоа да се загрози стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, туку напротив, поентата е да се одржи стабилноста на финансискиот систем за да може тој да им помогне на стопанството и населението во овој кризан период, но и потоа при обновата на стопанските текови…

Целото интервју прочитајте го на Фактор.

Треба да знаете
Последни објави