ММФ: Светот се соочува со најголема економска криза по „Големата депресија“

САД веќе се во рецесија и таа ќе трае неколку месеци, според истражувањето на 45 економисти, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие предвидуваат остра рецесија која нема да трае премногу долго, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирус сериозно ја ограничува економската активност.

„Пандемијата на коронавирус ќе го претвори годинашниот економски раст во негатива“, рече шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, предупредувајќи дека светот се соочува со најтешка економска криза од „Големата депресија“ во 1930-тите.

Најпогодени ќе бидат земјите во развој и брзорастечките пазари, додаде таа и рече дека за нив ќе бидат потребни стотици милијарди долари странска помош.

„Пред само три месеци очекувавме раст на приходите по глава на жител во 160 наши земји-членки во 2020 година“, рече Георгиева.

Треба да знаете
Последни објави