Пандемијата досега ја чинеше австриската економија 11 милијарди евра

– Националната банка  на Австрија (ОеНБ) денеска соопшти дека пандемијата од коронавирусот досега домашната економија веќе ја чини 11 милијарди евра.

Во изминатите пет недели заради мерките против ширењето на коорнавирусот и падот на извозот, како и заради недостигот од инвестиции, намален е придонесот на стопанството.

Оваа штета изнесува 2,8 отсто од годишнот БДП на Австрија.

Најтешко погодени сектори се хотелиерството и гастрономијата, туризмот, услугите, спортот и забавата.

Треба да знаете
Последни објави