Бројот на починати од коронавирусот во Словенија се зголеми од шест на девет лица

Словенечките здравствени власти соопштија дека уште три лица починале во земјата како последица од коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, се работи за постари луѓе, а дел од нив биле едни од заразените од Домот за стари лица во Шмарје при Јелшах.

Во меѓувреме од Националниот институт за јавно здравје потврдија 70 нови случаи на лица заразени со коронавирусот со што вкупниот број заразени сега изнесува 632. Од инфицираните со коронавирусот болнички се лекуваат 90 лица, а на интензивна нега се само 22 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави