За 4,7 отсто зголемен патничкиот сообраќај на грчките аеродроми во првите два месеци од годинава

За периодот јануари – февруари 2020 година, регистрирано е зголемување од 4,7 отсто на бројот на патници на грчките аеродроми, во споредба со истиот период лани, според податоците од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, што ги пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во конкретниот период, најголем бил патничкиот сообраќај на аеродромите во Атина, Солун, како и на островите Крит и Родос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првите два месеци од годинава, бројот на патници на аеродромите во Грција достигнал до 4 7376 468 патници, околу 200 000 повеќе од лани, додека пак бројот на летови изнесува 42 728, за 1,4 отсто повеќе од лани.

Треба да знаете
Последни објави