Србија прекршителите на самоизолацијата ќе ги суди преку Скајп

Српското Mинистерство за правда испрати допис до судовите кои ќе ги водат постапките против лицата кои ја нарушиле мерката самоизолација, овие судења да ги организираат преку видео-врска, јави дописникот на МИА од Белград. На овој начин, како што соопштија од ова Mинистерство, ќе бидат заштитени и вработените и оние против кои се води постапката.

На судовите им е предложно да инсталираат Скајп (Skype) на нивните компјутери.

Во моментов во притвор во Вршац, Пирот и Пожаревац се наоѓаат 108 лица поради кршење на мерката за самоизолација. Во Вршац досега се притворени 44 лица, 43 се во Пожаревац и 21 лице е притворено во Пирот.

Треба да знаете
Последни објави