Словенечкиот државен врв смета дека земјата добро се справува со коронавирусот

Словенечкиот државен врв смета дека земјата засега успешно се справува со пандемијата на коронавирусот, но предупредува дека место за големо задоволство се уште нема, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова беше кажано на прес конференцијата по средбата на претседателот на државата Борут Пахор со премиерот Јанез Јанша, претседателот на Собранието Игор Зорчич и претседателот на Државниот совет.

Претседателот Пахот изјави дека е задоволен како државата се справува со епидемијата и дека така треба да се продолжи во иднина.

– Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои придонесуваат во справувањето со коронавирусот. Треба да се подготвуваме и како ќе се справиме со последиците врз државата откако епидемијата конечно ќе заврши – изјави Пахор.

Премиерот Јанша смета дека улогата на Собранието е голема во ваква ситуација, бидејќи добрата работа на законодавниот дом придонесува за брзо спроведување на мерките кои ги носи Владата.

– Се што правиме е за да ја успориме епидемијата, а со тоа и да спасуваме живото. Јас сум среќен за секоја опрема што пристигнува во земјата. Очекуваме набрзо да пристигнат и нови респиратори со што дефинитивно ќе се спасат многу болни од Ковид-19.

Државниот врв најави дека набрзо ќе се одлучува и за активирање на армијата во заштита пред се на јужната граница кон Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави