Загубите на Србија во транспортот се 120 милиони евра, до крај на годината 600 милиони

Поради епидемијата на коронавирусот загубите во транспортот во Србија засега се проценуваат на 120 милиони евра, изјави српската министерка за транспорт и сообраќај Зорана Михајловиќ.

Таа за РТС изјави дека најголеми загуби бележи воздушниот сообраќај.

-На аеродромот Никола Тесла на 22 март минатата година имаше 14.500 патници, а годинава во истиот ден има 71 патник. Загуби се евидентирани и кај сите други врсти на транспорт, од водениот до железничкиот. Проценките се дека до крајот на годината загубите во транспортот ќе бидат околу 600 милиони евра, кажа Михајловиќ.

Таа додаде дека снабдувањето на граѓаните се одвива добро.

-До утринава во седум часот, на територијата на Србија влегоа 26.000 товарни возила, од кои половина се за потребите на Србија, кажа Михајловиќ.

Таа истакна дека при превоз на камионите низ Србија се следат процедурите за заштита од коронавирусот.

-Сите возачи ги контролира граничната полиција, царината и санитарната инспекција. Нашите возачи се во камионот до растовар на стоките, а потоа одат во изолација до следното патување. Кога станува збор за транзитот, овие камиони можат да се задржат најмногу 12 часа во Србија и да возат во конвој под полициска придружба, изјави Михајловиќ.

Треба да знаете
Последни објави