Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија за зголеми на 480

Според последните податоци на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата со коронавирусот се заразени вкупно 480 лица. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, до сега се направени над 13.000 тестирања.

Синоќа здравствените вести објавија дека почнуваат да применуваат нови упатства за тестирање според кои проверка за коронавирусот ќе им се прави на лицата над 60 години кои имаат и најмали симптоми на настинка. Тестирани ќе бидат и лицата со блага клиничка слика, кои имаат висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести, имунолошки проблеми, тешки респираторни и болести на црниот дроб, без разлика на возраста.

До сега во земјата четири лица починаа како последица од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави